Влијателни бриселски медиуми: Лидерот на македонската опозиција фатен во срамна лага

Влијателните медиуми од Европската Унија денес на големо пишуваат дека лидерот на македонската опозиција Зоран Заев е фатен во лага. Во нивниот извештај стои дека додека политичките лидери се познати по тоа што се економични кога станува збор за вистината, многу ретко се обвинети за лажење и тоа од страна на нивните билатерални партнери.

Јавноста беше сведок на жешките шлаканици кои Заев, по лажните изјави, ги доби од официјалните лица од Израел. Неговите изјави кои беа директно демантирани од лица со кои тој оствари средба, се уште една потврда дека СДСМ секогаш се фаќа во лага, но и постојано токму лагите ги користи како начин на однесување. Лажните ветувања, лажните изјави станаа секојдневие во работењето на СДСМ и нивниот партиски лидер.

За ова пишуваат и двата влијателни бриселски медиуми EU reporter и EU today кои во своите текстови наведуваат дека потегот на Заев го поткопа неговиот личен кредибилитет, како и дека неговот однесување не само што е штетно за билатералните односи со Израел туку и за меѓународниот углед на Македонија.

-Но, оваа срамна политичка ситуација сега му виси на глава на Зоран Заев, лидерот на опозицијата во Македонија. Овој скандал не само што го расипа неговиот кредибилитет туку се заканува дека ќе го стави на ризик меѓународниот углед на Македонија. Дебаклот се случува кога Зоран Заев го посети Израел на 13 октомври за да се сретне со заменик  претседателот на Владата и министер за внатрешни работи Силван Шалом. Заев за медиумите во Скопје изјави дека во Израел разговарале за унапредување на соработката помеѓу двете земји, земјоделство, енергија, менаџирање со вода и олеснување на телекомуникациската соработка. Исто така дека, разговарале за соработката која Македонија ја има веќе воспоставено во областа на одбраната и за образование на Армијата, пишуваат влијателните медиуми.

Во нивните текстови тие додаваат дека Заев, тврдел дека остварил средби и со израелската тајна служба, Мосад каде разговарале за скандалот со прислушуваните материјали.

 

-Но, понижувањето на сметка на Заев, се случи откако израелската Влада ја негираше изјавата на Заев по однос на средбите и упати прекор. Заменик претседателот на израелската Влада, Шалом изјави дека се сретнал со Заев, но тоа била кратка, пријателска средба како што е нормално за две пријателски држави. Додаде дека разговарале за општи прашања, посебно за подобрување на односите меѓу двете земји, но јасно подвлече дека не разговарале за било какви безбедносни или финансиски прашања. Израелската влада направи и еден невообичаен чекор, категорично негираше дека се случил состанок со Мосад, или дека таква средба била планирана. Категорично подвлече дека немало никакви разговори за прислушувани материјали. Откритието дека она што го збори Заев е сосема контрадикторно на она што го објави израелската Влада, го поткопа неговиот кредибилитет и предизвика бурни реакции во македонската јавност. Критиките се насочени кон неговото однесување кое е штетно не само за билатералните односи со  Израел туку и за меѓународниот углед на Македонија, пишуваат бриселските медиуми.

Тие додаваат дека македонската Влада и опозицијата во моментов се на вистински маки да изнајдат заеднички јазик за да го имплементираат договореното од договорот кој беше постигнат помеѓу политичките партии на 15 јули. 

-Заев е обвинет и за постојано менување на барањата. Недостигот на кредибилитет се заканува дека ќе ги поткопа преговорите за македонското членство во ЕУ, кој ќе има катастрофални последици за земјата и нејзината иднина.  Во меѓувреме Заев се уште се нема јавно извинето за неговото неприфатливо однесување. Македонија се подготвува за парламентарни избори кои треба да се одржат на пролет, а јавноста има право да бара поголема искреност и заслужува транспарентност, не како во случајот на Зоран Заев, пишуваат бриселските медиуми.

 
 
30.10.2015 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа