Пијан тетовчанец тепал полициски службеници

Полицијата во Тетово  поднесе кривична пријава против Г.З.(36) од с.Брвеница тетовско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

-На 07.08.2015 година во Тетово на ул. Маршал Тито пријавениот паркирајќи го своето патничко возило го блокирал сообраќајот, а по интервенција од страна на полициски службеници, истиот физички ги нападнал удирајќи ги во пределот на главата и телото, информираат од полицијата.

По преземени мерки е констатирано присуство на алкохол во крвта од 2,78 промили.

 
 
30.10.2015 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега