Илија Димовски: СДСМ еднаш го смени името на државата, а сега си мисли дека треба да менува имиња и на партии!

„Вашата партија еднаш го смени името на државата и сега си мислите дека ттреба да си дозволувате да менувате имиња на партии. Немојте!“. Ова на денешната седница во Собранието го истакна Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски. 

Ваквата реакција на Димовски следуваше откако пратениците од СДСМ на денешната седница постојано покажуваат одредена доза на цинизам и иронија и упорно владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ја ословуваат и нарекуваат со разни имиња кои како што рече Димовски, се имиња кои немаат врска со вистинското име на партијата.  

Тој уште еднаш упати апел до пратениците од СДСМ во иднина кога ќе се обраќаат на говорница да покажат минимум почитување и кон колегите пратеници и кон граѓаните на нашата држава.

 
 
30.10.2015 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега