„Блиц“: Спречен терористички напад во Бања Лука

Полицијата на Република Српска спречи терористички напад во градот Бијељина во северозападниот дел на Босна и Херцеговина, објави денеска електронското издание на белградскиот весник „Блиц“.

Според истиот извор, полицијата во хотелот „Далас“ во Бијељина пронашла поголемо количество на запалива течност и експлозивни и пиротехнички материјали, кои биле поврзани меѓусебе со цел да предизвикаат експлозија во објектот.

Зградата во која е сместен хотелот е прилепена со други станбени објекти, па при евентулана експлозија можно би било и нивно оштеување, информира полицијата.

Полицијата извршиле претрес во хотелот по добиените информации дека се подготвува напад врз објектот.

Во просторијата во која се наоѓале експлозивните материјали, биле пронајдени и упатства за подготовка на терористичи напад.

Полицијата засега не наведува кој би можел да стои зад подготовките на овој терориситички акт. 

 
 
30.10.2015 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега