Во тек е есенската сеидба во велешко

Во велешкиот регион привршува седибата на јачменот, а почна и сеидбата на пченицата. По паузата од обилните дождови минатата недела, сега времето е поволно за сеидба, а и влагата од дождот добро ќе дојде за зафаќање на житните култури,  велат земјоделците. Годинава се планира со јачмен и пченица да бидат засеани околу 7.000 хектари што е 25 до 30 отсто помалку од лани. 
 
Причина за намалувањето на површините е ниската откупна цена на јачменот и пченицата. Голем број производители, поради тоа што немаа услови за чување, мораа пченицата да ја продадат како добиточна храна на сточарите по осум денари за килограм со што, нагласуваат, не можат да ги покријат ни најосновните трошоци за производство.
 
Земјоделците од Ивановци, едни од најголемите производители на пченица, бараат надлежните да го прекинат увозот на пченица зашто тоа, велат, ја намалува цената на домашното жито. 
 
Според земјоделците, годинава нема проблеми со квалитетен семенски материјал, гориво и вештачки ѓубрива како важни услови за добра сеидба.
 
Највеќе површини како и изминатите години, се очекува да бидат посеани на нивите кај село Иванковци, на површините на ЗК „Вардар“ од  Градско и во селата Чашка, Ногаевци, Горно Оризари и Извор.
 
 
30.10.2015 - 16:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега