Европски аналитичари: Извештајот на Светска банка - одлична препорака за инвеститорите

Извештајот на Светска банка е одлична препорака за потенцијалните странски инвеститори, велат европски аналитичари, јавува дописникот на МРТ од Брисел.

Извештајот на Светска Банка го унапредува имиџот на Македонија и е одлична препорака за потенцијалните инвеститори, смета аналитичарот од Брисел, Рикард Јожиак. Очекува позитивни ефекти кај бизнис секторот. Дванаесетото место во светот и шестото во Европа, според Јозаик ја прават Македонија реформски лидер во регионот.

„Мислам дека ќе има позитивен ефект на некои бизнисмени, кои ги следат овие извештаи и индикатори, како што се брза регулатива, ниски даноци, евтина работна сила. Сето ова може позитивно да влијае на инвеститорите кои доаѓаат во Македонија, иако нив ги интересираат и други работи“, вели Јожиак.

Јожиак смета дека резултатите од долгогодишните реформи се видливи. Вели најважно е што ефектите на долг рок ќе се одразат на животниот стандард на граѓаните.

„Мислам дека тоа е резултат на вложениот напор на македонските власти кои сакаат да го разработат бизнис секторот и да привлечат инвеститори. Тие се константно фокусирани на тоа изминативе 9 години, и затоа воопшто не изненадува резултатот. После се што се случува, на крајот најважно е колку нови работни места ќе се отворат за македонците, колку пари ќе влезат во домашниот буџет, дали Македонија ќе се трансформира во модерна европска држава. За ова треба време, и ќе се проценува подоцна“, нагласува аналитичарот Јожиак.

Тој оценува дека скокот за цели 82 места на ранг листата во период од девет години, вклучително во сите економски реформи и инвестиции во овој кризен период за Европа, ќе биде евидентиран и во најновиот извештај за напредокот на државава, иако како што вели, унапредувањето во евроинтеграцискиот процес е политичка одлука.

 
 
30.10.2015 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега