Капитулација на Заев: Бара одложување на изборите

Се потврдија сите информации дека СДСМ ја нема поддршката од народот и дека на следните избори ќе доживее дебакл. Денеска прецизно и јасно тоа го призна и Зоран Заев барајќи одложување на изборите, во изјава дадена за опозициската 24 вести.

Заев во изјавата бара одложување на изборите закажни за 24 април, и на тој начин признава дека СДСМ катастрофално лошо стои со поддршката помеѓу јавноста, што го покажаа и последните анкети кои покажуваат дупло помал рејтинг на СДСМ во однос на ВМРО ДПМНЕ, и три пати поголема поддршка на Груевски во однос на Заев. Со оваа изјава Заев бара директно кршење на договорот од Пржино, договор кој го потпиша неговата партија.

Ова е најголем доказ за демотивацијата и очајот кои владеат во СДСМ, каде се погласни се поделбите и тензиите помеѓу членовите, кои се свесни дека нивното раководство ги доведе до нов пораз, и тоа веќе не може да се скрие колку и Заев, Шеќеринска и Шилегов да се обидуваат да внесат некоја надеж во која ни самите не веруваат.

Заев со денешната изјава капитулираше. Барањето на одложувањето на изборите го покажува и демантира на дело сите лажни тврдења за некаква наводна сила на опозицијата. Граѓаните ги прочитаа антидржавното однесување на СДСМ и нивното мрачно сценарио и не им даваат поддршка. Барањето за одложување на изборите е доказ дека СДСМ губи и тоа со голема разлика.

 

 
 
30.10.2015 - 18:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега