(ВИДЕО) Вистината ги создава законите, а Бог суди – Ова е вистината за Косово

На интернет кружи кратко видео во склоп на кампањата за да се спречи влезот на самопрогласеното Косово во УНЕСКО.

Видео снимката под име „Вистина“ ја подели и претседателот на Србија Томислав Николиќ на својот Јутјуб канал.

„Четири бисери на светската баштина: Манастирот Дечани, Печката патријаршија, Грачаница и црквата Богородица Љевиша и понатаму се на листата на УНЕСКО и се наоѓаат во опасност. Оние кои бараат прием во УНЕСКО, се токму тие кои ги изложија на опасности“, се наведува во описот на видео снимката.

Србија тргна во дипломатска акција по повод неодамнешното барање на Косово да биде примено во оваа организација на ОН.

Да потсетиме извршниот совет на УНЕСКО предложи да лажната држава Косово биде примена во членството на оваа организација, а кончената одлука да падне во ноември.

На гласањето, 27 земји гласале за 14 притив и исто толку воздржани. Барањето на мнозинството е поради воздржаноста на земјите, кои според правилата на УНЕСКО изнесувале 21 глас.

 
 
30.10.2015 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега