(ФОТО) Го скриле пиштолот во еден куп чварки! – Фатени на граница

Српски царници на влезната страна на граничниот премин Хоргош спречија обид за криумчарење на голема количина на муниција, а на граничниот премин Келебија оневозможено е да од земјата биде изнесен пиштол со муниција скриен во чварки!

Големиот број на шверцувана муниција била откриена во средата во Хоргош во комбе со регистерски таблици од Зрењанин, во кое биле двајца српски државјани, соопштија вчера од Царината.

Пронајдените две кутии со арсенал на различна муниција, меѓу кои и реденик со повеќе од 40 боеви, светлечки и маневарски куршуми со калибар 7,62 милиметри за автоматско оружје, се наведува во соопштението.

Цариниците пронајдоа триесет куршуми со различен калибар за различни видови на оружје, како и повеќе од 150 патрони за гасен пиштол. Истиот ден на излезот на граничниот премин Келеби, во една пратка пренесена со автобус пронајден е пиштол во чварки.

Пиштолот со марка „Црвена застава“ бил калибар девет милиметри, со седум куршуми и е откриен во моментите на преглед на автобусот со дански регистрации кој сообраќал на линијата Врњачка Бања – Париз.

Во двата случаи прекршителите заедно со оружјето и муницијата се предадени во понатамошна надлежност на полицијата, се додава во соопштението.

 

 
 
30.10.2015 - 21:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега