Пратеникот Николоски ќе ги набљудува парламентарните избори во Азербејџан

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа Александар Николоски во името на Групата на Народни партии во ова меѓународно собрание, како дел на 30-члената Делегација, ќе ги набљудува парламентарните избори во Азербејџан, закажани за 1 ноември 2015 година.

Пратеникот Николоски учествува во повеќе предизборни и изборни мисии на Парламентарното Собрание на Советот на Европа и со својот активен ангажман придонесува во изготвувањето на завршните извештаи за оценување на изборите.

Пред денот на изборите, членовите на Делегацијата ќе се сретнат со лидерите и претставниците на пратеничките групи и партии застапени во Парламентот на Азербејџан, како и со членови на вонпарламентарните опозициски партии и движења. Делегацијата, исто така, ќе одржи тркалезна маса со претставниците на медиумите и граѓанското општество во земјата со цел да се слушне нивната проценка на кампањата, а ќе се сретне и со претставниците на дипломатскиот кор во Баку.

На денот на изборите, членовите на делегацијата ќе го набљудуваат гласањето и пребројувањето на гласовите во различни региони на земјата. Еден член на Венецијанската комисија, односно Советот на група независни експерти по уставно право на Европа, ќе ја придружува делегацијата да ја советува за правната рамка на изборите.

Пратеникот Николоски беше дел и од четиричлената Делегација која учествуваше во Предизборната мисија. Членовите на Делегацијата претсојуваа во Баку  на 21 и 22 септември 2015 година и се сретнаа со сите клучни актери во изборниот процес. Во текот на посетата Делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа доби уверување од претставниците на азербејџанските власти дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки за да се гарантира транспарентност на изборниот процес, како за време на  гласањето, така и за време на броењето на гласовите.

Парламентарното собрание систематски ги набљудува изборите во земјите-членки на Советот на Европа вклучени во мониторинг постапката и бележи набљудување на околу 150 изборни процеси од 1974 година до денес.

 
 
31.10.2015 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега