Крваво утро: Испукани 30 куршуми во џипот на познатиот криминалец

Утрово околу 9 часот во Земун бил изрешетан џипот на 34-годишниот Младен Лазаревиќ кој се поврзува со криминалната банда Пинк Пантер. Напаѓачот се приближил до автомобилот и испукал 30 куршуми кон него. 

Едно лице се јавило во полициската станица и го пријавило настанот. Лицето кажало дека има повреди на главата и дека напаѓач отворил оган кон него, пренесе српскиот Блиц. Според неофицијалните податоци, лицето е надвор од животна опасост.

Инаку, на почетокот на годината имаше уште еден обид за убиство на Младен кога беше поставен експлозив на автомобилот на неговата сопруга. 

Тој е на листата на Интерпол и се сомничи за неверојатната кражба на дијаманти во Дубаи. Продавницата во Дубаи на 15 април 2007 години беше ограбена како во сцена на холивудски филм.

 
 
31.10.2015 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега