МФ: Државниот долг е намален и согласно Законот објавен на крај на кварталот

Министерството за финансии согласно Законот за јавен долг на крајот од секој квартал прописно и уредно го објавува државниот и јавниот долг и тоа го направи и денеска на крајот од третиот квартал. Сите податоци за државниот и јавниот долг може да се најдат на веб страницата на Министерство за финансии.

- Затоа не гледаме која е причината за реакција од страна на опозициската СДСМ, наведува Министерството по денешните обвинувања на опозициската партија дека не се почитува Законот за јавен долг.

За третиот квартал  од годинава  државниот долг изнесува 36 отсто од БДП и споредбено со вториот квартал претставува намалување за 5,2 милиони евра односно за 0,1 процентен поен. Јавниот долг изнесува 43,9 отсто од БДП додека претходниот квартал изнесувал 43,7 отсто.

 
 
31.10.2015 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега