Сочуство од Иванов до Путин по повод несреќата на рускиот авион

 

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати сочувство до претседателот на Руската Федерација Владимир Путин по повод авионската несреќа на рускиот авион Ербас А-321, соопшти кабинетот на Претседателот.

- Со шок и неверување ја примив веста за ужасната авионска несреќа и искрено жалам за загубените животи од оваа голема трагедија. Нема соодветни зборови што ќе ја намалат Вашата и тагата на семејствата на настраданите, но дозволете ми во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име да Ви упатам изрази на мое најискрено сочувство. Во овие тешки мигови, нашите мисли и молитви се со Вас и со пријателскиот народ на Русија, вели македонскиот претседател. 

 
 
01.11.2015 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега