Македонската индустрија со залет: Силен раст во месец септември

Продолжува растот на индустриското производство. По силниот август кога производстовот порасна за 12,7%, септември завршил со раст од 8,6%.

Растот се должи на солидните резултати во преработувачка индустрија, која е и главен чинител во македонската индустрија. ВО септември таа пораснала за 11,2%, додека во останатите два сектори, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и во рударството и вадење камен има опаѓање, пишува Економски.

Кај главните индустриски групи, впечатлив е растот кај Капиталните производи за 24,4%. Пораст има и кај интермедијарни производи, освен енергија за 8.5%, кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.4 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 6.9% и Трајни производи за широка потрошувачка за 5.8%.

Од почетокот на 2015 година индустријата на периоди беше во негатива, но позитивниот тренд од последните месеци придонесе за кумулативен раст од 2,5.% во досегашниот тек од годината.

Трендот ќе продолжи и следната година

Високиот раст дава оптимизам дека трендот до крајот на годината ќе биде позитивен, а тоа ќе продолжи и во наредната година.

Поттик на индсутријата, според бизнисмените, ќе даде и буџетот за идната година. Парите за капиталните прокети се проектирани на досега највисоки 400 милиони евра или 12,9% повеќе од лани.

– За бизнис заедницата е значаен развојниот сегмент. Изградбата на автопатите, локалните и регионалните патишта, осовременување на железничкиот транспорт, средувањето на зоните за да се привлечат нови инвеститори. Ова значи ангажман на домашните компании, вели Александар Зарков, оперативен директор на Сојузот на стопански комори.

Оптимизмот го подгреваат и најавите за новите инвестиции кои се подготуваат за старт на производство.

– Во овој период од месец и пол – два има активности во осум компании во Македонија. Три од нив веќе почнаа производство во последните месец дена, тоа е италијанската „Дијатек“, германската „Техникал текстаил“ и компанијата од Дубаи „Ејпл Ленд“ во Ресен. Две од нив започнаа градба на свои фабрики, тоа е оваа ОДВ „Електрик“ и „Кондево“ од Италија, а дополнителни три се во завршна фаза на градба и некои од нив во наредните месец, два до три ќе почнат со производство, тоа е компанијата КСС во Кичево, компанијата „Макард“ во Велес и „Гентерм“ во Прилеп, изјави неодамна премиерот Никола Груевски.

Расте и бројот на работници во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, се зголемил за 1.2 процентни поени.

Растот, повторно, најмногу на преработувачката
индустрија каде бројот на работници се зголемил за 1,6%. Во секторот за снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има пораст од 0.4%, а кај рударството и вадење на камен бележи опаѓање од 2.8%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.5% и Капитални производи за 16.8%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 0.6%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.8% и Енергија за 1.7%.

Кумулативно, бројот на работниците во индустријата, во периодот јануари – септември 2015 година, во однос на периодот јануари – септември 2014 година, се зголемил за 1.7%.

Невработеноста во вториот квартал од 2015 година падна на истириски најниско ниво од 26,8%. Падот се должи на новите инвестиции, но и на владиниот проект „Македонија вработува“ кои од стартот на годината донесоа околку 20.000 вработувања. Преку Македонија вработува 4000 компании ангажирале над 6100 лица, а инвеститорите отвориле над 13.000 работни места.

– Работни места се отвараат и ќе се отвараат и понатаму. Дрекселмаер од Кавадарци досега вработил 5.358 лица, Кромерг и Шуберт од Битола 2.091 лице, а ќе вработат уште илјада, Џонсон Мети и Ван Хул по 600 лица, Анфенол во Кочани 484 лица, а ќе вработи вкупно 1.500, Џонсон контролс во Штип 1600 луѓе, Кемет електроникс досега вработил 257, а ќе вработи 500 лица вкупно, Гентерм во Прилеп вработил 154, а ќе вработи вкупно 2000 луѓе. ОДВ електрик кој вчера започна со изградба на фабриката во ТИРЗ Охрид/Струга ќе вработи вкупно 1000 лица, Маркарт во Велес ќе отвори 600 работни места, Техникајл Текстајл во Штип 500 нови работни места, Ки сејфти системс во Кичево ќе отвори 1000 работни места, Костел исто така во Охрид ќе отвори 1000 нови работни места итн. Досега во технолошко индустриските зони и индустриските зони странските директни инвестиции отворија 13.441 работно место. Со тоа се обезбедеува егзистенција за 13.441 семејство. Стапката на невработеност е на најниско историско нив – изјави вицепремиерот Зоран Ставрески минатиот месец.

 
 
01.11.2015 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега