Танос Докос: Груевски нема да го смени името, СДСМ е посакуван партнер за Грција

Директорот на идеолошката организација на грчката надворешна политика Танос Докос од Елиамеп јасно укажува дека кога станува збор за спорот за името посакуван партнер е СДСМ која е многу пофлексибилна страна, за разлика од Груевски кој е нефлексибилен и нема да ја смени позицијата за името.

Тој во изјавува, Грчката перцепција е дека премиерот Груевски не е многу флексибилен, тој ја отфрла целата грчка преговарачка позиција за сложено име кое што ќе го вклучува терминот Македонија, со додавка Горна, Северна, Нова, што и да е, која што ќе се користи за сите употреби.

За разлика од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, опозициската СДСМ во Грција се портретира како политичка опција која што би била пофлекисибилен соговорник за грчката страна.  Исто така отворено  се посакува и навива СДСМ да го задржии овој флексибилен став и во иднина јасно укажувајќи дека е најпосакуван соговорник за грчките политичари кога станува збор спорот за името.

-Да се биде во опозиција е секогаш полесно за заземање на пофлексибилни позиции. Нашата желба е ако победи опозицијата да биде пофлексибилна, но вистината е дека не знаеме како ќе биде, изјавува Докос.

Докос истакнува дека периодов има зголемен интерес од западните центри на моќ за брзо решение на прашањето, но дека тоа нема да се случи како поради состојбата во Грција, така и поради непопустливоста на македонскиот премиер.

-Тешката економска, политичка и социјална криза низ која што Грција минува речиси 6 години не остава оптимизам дека може да се дојде до решение, а просторот за меневар на секоја грчка влада е ограничен бидејќи дел од народот негативно ќе регира бидејќи тоа ќе го доживеат како продажба на националното прашање, вели Докос.

 -Има и друга компликација, а тоа е што владата е коалициска, а партнерот Независни Грци имаат тврда позиција за прашањето за името. Тие всушност не ја прифаќаат диреткната преговарачка позиција на Грција во последните неколку години. Чинам дека ќе биде многу тешко да се постигне вистински напредок во следните месеци, па дури и години, изјавува Докос.

 

 
 
01.11.2015 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега