Водостопанство на Македонија ќе профункционира догодина

Новото АД Водостопанство на Македонија е во фаза на конституирање и ќе профункционира во сезоната за наводнување идната година, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

Одговорајќи на новинарски прашања по денешната манифестација „Ден на празот“ во селото Градашорци, општина Василево, Цветков истакна дека сега е веќе сезона и речиси нема поголеми потреби од системите за наводнување. Поради тоа, овој период ќе се искористи за согледување на состојбите со цел подготвено да се дочека претстојната, нова сезона за наводнување.

- Сите досегашни модели во обаста на стопанисувањето со водите покажаа лоши резултати. Повеќето од старите водостопанства беа во стечај па се реформираа, но не бевме задоволни од нивното работење. Поради тоа, формиравме акционерско друштво кое од први октомври, со Законот за ова претпријатие, и официјално почна да работи. Во тек е конституирање и донесување на статутарните акти, информира Цветков. 

 
 
01.11.2015 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега