УМС: СДСМ да го врати имотот кој го присвои за партиски цели за да се адаптира во нов студентски дом

Имотот на СДСМ е имот на Министерството за образование. Партијата наследничка на сојузот на комунисти го присвоила и него и со направила сопствен партиски штаб, велат младите од ВМРО-ДМНЕ и бараат истиот веднаш да се врати во владение на државата, а Владата да го реновира и адаптира во нов студентски дом, каде што според проектниот план би се сместиле околу 250 студенти од внатрешноста на Македонија.

-За прв пат очекуваме искрен однос од СДСМ и поддршка на нашата иницијатива од Социјалдемократската младина. Секоја поинаква реакција ќе покаже дека нема крај на лицемерието на елитата од СДСМ. Доколку СДСМ не го врати имотот, партијата и нивната младина немаат повеќе никакво право и кредибилитет да зборуваат за студентски стандард и грижа за студентите во Македонија. Тоа би било срамно во ситуација кога повеќе од 20 години, просториите на Министерството за образование ги користат како партиски простории, истакна Коче Гаврилов, член на ИК на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Младите од ВМРО-ДПМНЕ бараат од СДСМ и СДММ, да и` исплатат на државата надомест за кирии за користењето на имотот, а средствата би се искористиле за реновирање на постоечките студенски домови и повисок студентски стандард.

-Студентите и целокупната јавност треба да знаат дека во овие 20 години, СДСМ си го присвои имотот за партиски цели, Министерството за образование плаќаше надомест за кирии. Вистината излезе повторно на виделина и уште еднаш се покажа дека СДСМ никогаш не се искрени во своите намери, туку целта им е да собираат ситни политички поени, додава Гаврилов.

Младите преку проекција ги запознаа сите заинтересирани како би изгледал новиот студентски дом со капацитет од 250 легла, кој би се изградил на местото каде сега е лоциран партискиот штаб на СДСМ.

 
 
01.11.2015 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега