Македонија мрзне: Утрово кочан-ладно

Берово, Маврово, Битола, Крива Паланка, Тетово, Лазарополе, Демир Капија, Струмица, Штип и Куманово утрово со температури под нулата. Максималната измерена утринска температура изнесуваше 4 степени.

Според мерењата на УХМРМ, најстудено било во Берово минус седум степени, во Маврово се измерени минус три степени, Битола минус два, Крива Паланка, Тетово, Лазарополе  Прилеп, Демир Капија, Струмица, минус 1 во Штип и Куманово, 0 во Скопје, Дебар, Кавадарци, Крушево,  еден во Виница, Охрид, Претор,  два во Гевгелија и четири степени во Дојран.

Во поголемиот дел од земјава времето е ведро и сончево. По одделни котлини има појава на слаба магла На повисоките места дува слаб ветер од северен и источен правец. Воздушниот притисок утрово е многу висок, и е за 20 мерни единици повисок од просечниот, но во текот на денот ќе опаѓа.

Денеска времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб, а на повисоките места и на планините слаб до умерен ветер од североисточен правец. Дневната ќе се движи од 14 до 20 степени.

Во наредните денови подрачјето на Македонија и понатаму ќе остане под атмосферски систем со висок  воздушен притисок и стабилна воздушна маса.

Од утре под влијание на потопла воздушна маса, дневната температура ќе бележи пораст. Условите за појава на утринска магла ќе бидат помали и застапени како поретка појава.

Ова се моменталните температури: 

 

 
 
02.11.2015 - 08:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега