ФОТО: Душан испратен во вечниот дом - колегите се простија со трогателна порака

Душан Дуниќ, 65-годишниот стручњак за судска медицина кој ненадејно почина во Хаг, беше погребан вчера во Белград. Душан кој требаше да сведочи во одбрана на Ратко Младиќ ненадејно замина во смрт. Во вечното живеалиште го испратија безброј пријатели, роднини и соработници, а меѓу нив поранешниот министер за здравство, Зоран Станковиќ, како и синот на Ратко Младиќ, Дарко, кој го носеше венецот.

Еде нод неговите колега прочита трогателен говор со кој се прости од него:

- Беше целосна личност, посветена на семејството, друштвото и работата. Со гордост зборуваше за својата сопруга, деца и внукот кој многу го сакаше. Семејството секогаш му беше на прво место, а како професионалец влеваше доверба и секогаш беше најдобар. Гордоста, добрината и љубовта се особините кои го красеа, вели неговиот соработник низ солзи.

Тој минатиот четврток требаше да сведочи во случајот за Ратко Младиќ, но го пронајдоа мртов во хотелска соба, пренесе српскиот Курир.

 

 
 
02.11.2015 - 08:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега