Жидас Даскаловски: Партиите водат покер политика

Политичкиот аналитичар, Жидас Даскаловски, во интервју за Прес24 прогнозира, каков таков, сепак успешен политички дијалог со избори на приолет, во Април или најдоцна до јуни.

- Политичка криза ќе има исход, со потврда на договорот од Пржино или со негово пропаѓање. По она што е политичка историја, поверојатно е дека ќе има договор, каков таков, вели во интервјуто за Прес24, Даскаловски.

Тој смета дека на Македонија и е потребна сериозна промена на  политичката култура. Сегашното функционирање на партиите е како покер политика.

-Елитите на политичката сцена се тие кои можеаа и можат да воспостават џентлменски правила на игра. Тие досега и сега функционитаат на принципот на политички сопарници, смртни непријатели, играат игра каде еден е победник, а другиот е апсолутен губитник, како во покер кога ги ставате сите пари на маса, вели Даскаловски.

Она што на Македонија и е неопходно, според Даскаловски е демократизација на партиите и силни регулаторни институции.

-Нам ни треба демократизација на партиите, избори каде граѓаните реално одлучуваат за кандидатите, поголема употреба на национални и локални референдуми, електронски гласање, граѓанско гласање при буџетирањето на локално ниво и силни, независни регулаторни институции како на пример: Антикорупциска комисија, ДИК, Совет за радиодифузија, Омбудсман, Завод за ревизија, јавен обвинител, институции кои ќе можат владеењето на партиите да го контролираат и да го стават во законска рамка, вели во интервјто за Прес24, Дсаскаловски.

Препознавање на државаниот итерес и меѓусебната соработка е концепт на кој Даскаловски смета дека партиите мора да почнат да работат

-На пример, доколку Министер за ЕУ интеграции или за одбрана се бира со консензус од редовите на опозицијата тогаш таа влада е на ниво на германската голема влада ЦДУ-СДП, влада која опозицијата нема така лесно да ја напаѓа и каде опозицијата нема да се надева на лош ЕУ извештај за напредокот, надевајќи се дека така ќе се здобие со политички поени. За цело ова да се случи ни треба притисок на граѓаните, не на обоените невладини организации, туку на сите здрави и независни сили, па дури и да се членови на партии, зошто како што реков од демократизацијата на партиите се мора да почне, вели политичкиот аналитичар.

Жидас Даскаловски предупредува дека Македонија покрај политичката криза може да има сериозен предизвик со бегалската криза, особено ако дојде до успорување на транзитот преку западно-балканската рута.

-Ние треба сериозно да размислиме кои се националните интереси кои треба да ги браниме во оваа ситуација. Очигледно е дека 99.9% од бегалците не би останале во Македонија и дека тие се транзит низ земјава, но доколку нема каде да се насочат тогаш ќе бидеме во деликатна ситуација да се грижиме за нив со сите можни негативни економски-здравствени-безбедностни импликации, вели Даскаловски.

Тој смета дека Европската Унија нема идеја како да се реши оваа криза, така што и последниот јункеров план може да се изјалови. Даскаловски посочува дека зимата нема да го намали бранот на бегалците.

-Транзитот преку морето од Турција до Грција ќе биде далеку потежок, цената на криумчарите ќе се качи, но напливот нема да прекине, едноставно кога се увиде дека е можно преку Балканската рута да се стигне до богатата Германија и скандинавските земји, таа рута ќе остане во употреба. Како што рутата преку ла Манш и Еуро тунелот се уште функционира и покрај се и покрај сите безбедностни процедури и правила, и камери и инфрацрвени зраци и специјални полиции и се, вели Жидас Даскаловски, политички аналитичар во интервјуто за Прес24.

ПРЕС24: Мини самитот на ЕУ и земјите од Западен Балкан донесе едно решение кое треба да обезбеди контролиран проток, односно договорен транзит, на беглаците кон крајната цел. Земјите од западно-балканската руда се обврзаа не меѓусебна секојдневна комуникација. Колку овој план на Јункер може да биде ефективен за подолготрајно решение?

ДАСКАЛОВСКИ: Европска Унија нити има одржлив план, нити функционираат одредбите од Даблин во однос на прифат на бегалци, нити пак земјите на ЕУ се солидарни во решавање на проблемот.  Предлози за решенија има различни, меѓу кои и на Европска иницијатива за стабилност во смисла да се решаваат прашањата за азил уште на територијата на Турција која е најчесто првата транзит држава на сириските бегалци, па од таму организирано да се испраќаат бегалците во земјите кои се волни да ги примат како Германија и Данска. Сепак ЕУ е далеку од такво решение, а односите со Турција не се на завидно ниво за да може да се каже дека лесно ќе биде постигнат договор со Анкара.

ПРЕС24: Во тој план се предвидува и опција за примвремен престој на околу 50.000 бегланци на рутатат која ги опфаќа земјите од Западен Балкан. Македонските власти велат дека Македонија има каппацитет само за сместување на околу 2000 бегалци и дека не се предвидува изградба на други кампови. Каква е можноста сепак овие проценки да бидат пробиени, со оглед на тоа дека може да се случи повторно наплив, ако се условно успори протокот по барање на земјите крајни дестинации?

ДАСКАЛОВСКИ: Напливот на бегалци ќе биде проблем во зимските месеци кога реално на тие луѓе ќе им треба топол дом над главата. Доколку протокот биде забавен од Австрија, Унгарија, Словенија, Хрватска, товарот ќе падне на Србија и Македонија. Сега за сега, Александар Вучиќ не најавува такви мерки, но се е можно, и ние треба сериозно да размислиме кои се националните интереси кои треба да ги браниме во оваа ситуација. Очигледно е дека 99.9% од бегалците не би останале во Македонија и дека тие се транзит низ земјава, но доколку нема каде да се насочат тогаш ќе бидеме во деликатна ситуација да се грижиме за нив со сите можни негативни економски-здравствени-безбедностни импликации.

ПРЕС24: Колку одбивањето на Грција да се распореди гранична полиција на ЕУ (ФРОНТЕКС) на границата со Македонија може да остава простор за сомнеж дека Грција не би ги почитувала заедничките договорени квоти за транзит?

ДАСКАЛОВСКИ:  Грција низ години не се грижи и не ги почитува самите правила на ЕУ во однос на мигранти и бегалци така што знаејќи ја нивната политика кон нас треба да сме подготвени и за се најлошо од нивна страна.

ПРЕС24: Она што Претстедателот Иванов неодамна го соопшти како информација е дека процентот на бегалци од Сирија и Ирак опаѓа, но силно расте процентот на мигранти од останати држави. ЕУ најавива дека за нив нема место во Западна Европа. Но, колку тоа на терен може да биде остварливо, ако се знае дека тие се интегрирани во групите белгалци од кризните региони?

ДАСКАЛОВСКИ: Да се разликуваат бегалци од мигранти во овој момент од некоја морална гледна точка не е оправдливо, но се разбира доколку се донесе такво решение ЕУ ќе се обиде врз основа на правни аргументи да не допушта проток на т.н. мигранти и да ги враќа т.н. лажни азиланти од Балканот. На терен ќе биде тешко применливо, односно веројатно товарот ќе падне на бегалците на некој начин да докажат дека тие всушност тоа и се, а не се мигранти.

ПРЕС24: На прагот сме од зимскиот период, некои оценуваат дека тоа може да го намали бранот беглци, но други пак предупредтваат дека напротив, зимата може да го усложни и транзитот, но да предизвика поголеми проблеми?

ДАСКАЛОВСКИ: Транзитот преку морето од Турција до Грција ќе биде далеку потежок, цената на криумчарите ќе се качи, но напливот нема да прекине, едноставно кога се увиде дека е можно преку Балканската рута да се стигне до богатата Германија и скандинавските земји, таа рута ќе остане во употреба. Како што рутата преку ла Манш и Еуро тунелот се уште функционира и покрај се и покрај сите безбедностни процедури и правила, и камери и инфрацрвени зраци и специјални полиции и се.

ПРЕС24: Паралелно со бегласката криза Македонија се уште е длабокот во политичката криза. Доцни спореоведувањето на догоорот од Пржино. Какви се Вашите проценки, во кој правец ќе се движи кризата, кон излез или кон продлабочување?

ДАСКАЛОВСКИ: Сега сме во меѓуфаза, но кризата ќе има исход, со потврда на договорот од Пржино или со негово пропаѓање. По она што е политичка историја поверојатно е дека ќе има договор, каков таков.

ПРЕС24: Мислите ли дека договорот од Пржино беше единствениот излез од оваа политичка криза, или пак се можеше поинако да се изреализира?

ДАСКАЛОВСКИ: Елитите на политичката сцена се тие кои можеаа и можат да воспостават џентлменски правила на игра. Тие досега и сега функционитаат на принципот на политички сопарници, смртни непријатели, играат игра каде еден е победник, а другиот е апсолутен губитник, како во покер кога ги ставате сите пари на маса. Од друга страна самите партии не се демократски водени, односно некои повеќе, некои помалку, но сите се водени од еден грст луѓе. Нам ни треба демократизација на партиите, избори каде граѓаните реално одлучуваат за кандидатите, поголема употреба на национални и локални референдуми, електронски гласање, граѓанско гласање при буџетирањето на локално ниво и силни, независни регулаторни институции како на пример: Антикорупциска комисија, ДИК, Совет за радиодифузија, Омбудсман, Завод за ревизија, јавен обвинител, институции кои ќе можат владеењето на партиите да го контролираат и да го стават во законска рамка. Самите партии треба да имаат поголем сенс за национални прашања, поголема соработка и меѓусебна доверба, која нема да доведе до борба на живот и смрт во политичката арена. На пример, доколку Министер за ЕУ интеграции или за одбрана се бира со консензус од редовите на опозицијата тогаш таа влада е на ниво на германската голема влада ЦДУ-СДП, влада која опозицијата нема така лесно да ја напаѓа и каде опозицијата нема да се надева на лош ЕУ извештај за напредокот, надевајќи се дека така ќе се здобие со политички поени. За цело ова да се случи ни треба притисок на граѓаните, не на обоените невладини организации, туку на сите здрави и независни сили, па дури и да се членови на партии, зошто како што реков од демократизацијата на партиите се мора да почне.

ПРЕС24: Се поизвесно е дека најмногу ќе настрадаат евроинтеграциите на Македонија. Препораката за почеток на преговорите директно се врзува со исполнување на договорот од Пржино. Колку според Вас тоа може да предизвика други тензии, на меѓуетнички план на пример?

ДАСКАЛОВСКИ: Евроинеграциите на Македонија и на регионот се длабоко заборавена работа и во Брисел и во главните градови на главните земји членки, така што евентуалниот лош извештај за напредокот на ЕУ нема ништо посебно да значи за Македонија. Едноставно ЕУ нема веќе морков за регионов, отпорот кон понатамошно проширување е силен, самата Унија е во криза, регионот се труди да преживее со привлекување на секакви можни инвестиции, така што евентуалниот пад на договорот од Пржино не е драматичен чекор тука. Меѓуетнички тензии се можни во Македонија во секое време посебно треба да се внимава на случувањата во Косово, каде Специјалниот суд ги има на око некои од главните луѓе на бившата УЧК, а можноста за извоз на конфликт и уцена на партнерите од Брисел и Вашингтон секогаш им стои на располагање на некои структури таму.

ПРЕС24: Специјалното јавно обвинителство уште не почнато со работа стана предмет на политички оспорувања и недоверби. Дали неколкуте потези на обвинителката Јанева беа причина за такво нешто и колку реално тоа може да одговори на предзвикот кој предстои пред него, а тоа е без пристрасност да ја затвори аферата прислушување?

ДАСКАЛОВСКИ: Јавниот обвинител Јанева ќе биде постојано под надзор на јавноста, експертите, колегите и т.н. меѓународна заедница така што не очекувам пристрасност. Мислам дека главен проблем за неа ќе бидат доказите кои ќе може да ги собере.

ПРЕС24: Кои се вашите проценки, ќе има избори во Април или можно е нивно пролонгирање?

 

ДАСКАЛОВСКИ: Веројатно ќе има избори на пролет, во Април или најдоцна до почетокот на летото, Јуни.

 
 
02.11.2015 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега