Промотивна понуда на потрошувачки и станбени кредити во ТТК Банка

Од 2-ри ноември започнува промотивната понуда БЕЗ НАДОМЕСТОК ЗА ОДОБРУВАЊЕ за потрошувачки и станбени кредити во ТТК Банка и ќе трае до 31.12.2015 година.

СУПЕР станбениот кредит ТТК Банка го нуди со атрактивна ФИКСНА каматна стапка од 2,95% во првите три години, односно 6,45% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период без надоместоци за  аплицирање и проценка за првата година, со грејс период до 12 месеци, 10% сопствено учество и без надоместок за предвремена отплата со сопствени средства.

 

СУПЕР станбениот кредит е наменет за купување на нов/стар стан, куќа, деловен простор од физичко или правно лице, за изградба,  доградба или надградба на станбен или деловен простор како и за рефинансирање на постоечки станбен кредит.

ПРЕМИУМ СМАРТ ненаменскиот потрошувачки денарски кредит, без надоместок за одобрување до 31.12.2015 година, Банката го нуди со ФИКСНА каматна стапка од 6,1% во првата година, односно 8,3% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период, за износи до 900.000 денари, без жиранти, во зависност од месечните примања.

За отплата во денари со ЕУР клаузула, ненаменскиот потрошувачки кредит Банката го нуди со ФИКСНА каматна стапка од само 5,9% во првата година, односно 7,5% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период, за износи до 15.000 евра, со рок на отплата до 10 години.

 

 

 
 
02.11.2015 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега