Ужас во болницата во Тетово: Го фрлиле мртвото новороденче во тоалет
Хорор во тетовската болница. Синоќа во 22 часот Н. А. кој бил дежурен лекар, пријавил дека во тоалетот на интерното одделение, пронашол мртво новородено бебе покриено со пелени. Според податоците од полицијата, Јавен Обвинител, полиција и доктор по судска медицина извршиле увид на местото на настанот, а телото на новороденото бебе е однесено на одделението за судска медицина. По извршениот разговор со дежурните лекари од интерното и гинеколошкото одделение при болницата во Тетово констатирано е дека околу 16 часот на интерно одделение била примена 36-годишната С.Н од селото Групчин која по кратко време заради дијагнозата била препратена на гинекологија. Според мислење на лекарите С.Н. имала спонтано породување бидејќи пронајденото бебе одговарало на шести месец од бременост, а и добиениот материјал од утерусот укажувал дека С.Н. се породила. С.Н и нејзиниот сопруг, 42-годишниот Е.А. тврделе дека таа не била бремена и дека не се породила.
Местото на настанот е фотодокументирано и земени се брисеви за ДНК анализа. Секторот за внатрешни работи -Тетово презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа