Неколку скопски улици утре без струја

Без струја утре од 9 до 11 часот ќе останат корисниците од  улиците „Петар Ацев“, делови од „Симеон Кавраков“, и „Анастас Митрев“ во општина Аеродром, улицата „Кораб“ и дел од „Јуриј Гагарин“ во општина Карпош.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, заради технички зафати во електро-системот без електрична енергија од 9 до 12 ќе останат корисниците од улицата Дебарца, од 9 до 14 часот корисниците од улицата „Франц Прешерн“, од 9 до 14:30 часот дел од корисниците на Стара скопска чаршија, од 9:30 до 15 часот дел од корисниците од улиците „Индира Ганди“, и делови од Метохиска, и Гвадалахара, и од 12 до 14 часот корисниците од „Лудевит Гај“.

 
 
04.11.2015 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега