Падна скопска бизнисменка

Четириесетитригодишната скопјанка Р.Б. како управителка на фирмата „М-Трго Авто“ ДООЕЛ-Скопје му дозволила на својот сограѓанин, 49-годишниот И.Б. да фалсификува исправа.

Тој во претходно изготвено уверение за даноци и придонеси издадено од Управата за јавни приходи во кое од 2010 година на фирмата и била блокирана сметката,  ги избришал оригиналните податоци за фактичката состојба на фирмата и впишал невистинити податоци.

По ова, управителката фалсификуваното уверение го употребила како вистинито за да учествува на јавен оглас во ЈП „Чистота и Зеленило“-Куманово. 

 
 
04.11.2015 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега