Ветувањето дадено пред еден месец за патот Новаци- Клепач почна да се реализира

При посетата на премиерот Никола Груевски на општина Могила на 21-ви септември годинава беше дадено ветување дека за месец дена ќе започне реконструкцијата на регионалниот патен правец Новаци- Клепач, кој ги поврзува општините Могила и Новаци. Денеска започна реализацијата на даденото ветување.

-Пред потпис на дговор сме. Очекувам дека следниот месец започнуваме со работа, рече министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на средбата со граѓаните на 21-ви септември во присуство и на премиерот Никола Груевски. Патот е долг 19 километри, а инвестицијата е вредна 1,15 милиони евра.

Регионалниот пат кој ги поврзува општините Могила и Новаци, ќе биде целосно обновен за една година. Министерот Мисајловски, кој денеска во селото Добромири  присуствуваше на почетокот на градежните активности информира дека на  последната средба со граѓаните, заедно со премиерот, им ветиле дека за еден месец ќе почне реконструкцијата и нагласи оти ветеното се реализира.  

- Почнуваме денеска, а за една година целосно ќе го рехабилитираме овој патен правец. Но освен овој пат, во овој месец ќе започнеме и со реконструкција на  уште пет нови патни регионални правци во должина поголема од 50 километри за што ќе бидат инвестирани над 10 милиони евра, истакна министерот Мисајловски.

 
 
 
 
04.11.2015 - 20:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега