Героски: Опозицијата е површна и неодлучна

Главниот опозициски стратег и еден од неформалните советници на лидерот на СДСМ Зоран Заев, новинарот Бранко Героски во својата најнова колумна признава дека внатре во СДСМ има раздор и кавга, дека опозицијата е површна и неодлучна, како и тоа дека Заев и Шекеринска прават нарачани текстови.

Уредникот на опозицискиот весник „Слободен печат“ и раководител на порталот „Плусинфо“ во колумната „Карапанџите околу Бихаќка“ признава дека има кавга и раздот внатре во најголемата опозициска апртија.

-Да биде работата полоша, слушам дека кавгите ги поттикнуваат и некои луѓе од Бихаќка, во страв од амбициозните аутсајдери, кои постојано се закануваат со некаков преврат. Да биде работата потажна, кавгаџиите упорно се трудат кавгите да ги прикажат како судир на концепти, пишува Героски.

Героски пишува дека претседателот Зоран Заев, неговата заменичка Радмила Шекеринска и раководството на СДСМ прават нарачани текстови во контекст на прилогот за можна смена во Комерцијална банка.

-Пред некој ден ја читав онаа чудна нарачка од текст за наводната смена во „Комерцијална банка“ и не можев да се изначудам - каква полза од ова имаат Заев, Шеќеринска и раководството на СДСМ? Зошто и кому му е ова потребно?, прашува Героски.

Признавајќи за раздорот и кавгите во СДСМ, Героски го прогласува раководството на СДСМ за будалетинка, кое за разлика од Бранко Црвенковски, “се пали на два лајка на Фејсбук“.

-Од една страна, демек, е раководството на чело со Заев, кое гувее пред странците и чека директиви. Од друга страна се „отпорашите“, наводно спремни во секој момент да кренат револуција, само чекаат да ги повика Бранко Црвенковски, кој, пак, не го прави, бидејќи човекот е политичар што знае да ја процени ситуацијата, а не будалетинка што се пали на два лајка на Фејсбук, пишува Героски.

Еден од главните експоненти на СДСМ обвинува и за неодлучност и површност која се сведува на храбрење дека премиерот Груевски само што не паднал, а во суштина не може да соберат сто луѓе на плоштад.

-Уште повеќе не ми се допаѓа оваа неодлучност во опозицијата, додека нивните медиумски куртони на сет глас вреват дека Груевски само што не паднал. А најтрагично е курчењето на оние смешни човечиња кои немаат капацитет да соберат сто луѓе на плоштад, а се курчат како од нивните испрдоци на социјалните мрежи да зависи судбината на земјата. Страшно, заклучува Героски.

 
 
04.11.2015 - 22:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега