Ограбена Клиниката за Инфективни болести

Во периодот од 15 до 19 часот и 30 минути во теков та вчерашниот ден, непознат сторител извршил кражба во Клиничкиот центар „Мајка тереза“во Клиниката за инфективни болести . Најверојатно крадецот со возило влегол во кругот на Клиничкиот центар и дошол до Клиниката за инфективни болести, каде со употреба на погоден алат ги пресекол металните прачки од заштитната метална решетка на прозорецот од благајната. Го отворил истиот, влегол внатре и одзел сеф во кој имало 16.000 денари, банкноти и кованици во разни апоени од поранешна СФРЈ, три картички од по 5.000 денари за точење гориво во „Макпетрол“, фискална каса непозната марка, магнетна картичка за влез во Клиниката и беџ за идентификација на име на Р.Д. и друго, а потоа заминал во непознат правец.

На тој начин тој се стекнал со 86.000 денари. 

Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 
 
05.11.2015 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега