Ужас во Скопје: Момче расечено со нож додека се враќало од продавница

Насилство врз 13 годишниот Д.Ј. било извршено вчера вечерта во Скопје.

Од полицијата информираат дека содека Д.Ј. се враќал од продавница бил пресретнат од двете лица. Едниот од нив му се приближил, го турнал со раката по рамото, извадил нож, замавнал и го повредил во пределот на стомакот, нанесувајќи му расекотина со димензии 1,5 сантиметар и хематом.

Веднаш потоа двете лица избегале во непознат правец. Д.Ј. е пренесен во Ургентниот Центар-Скопје каде му се констатирани телесни повреди и е пуштен на домашно лекување.

СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителите.

 
 
05.11.2015 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега