Скопјанец уценуван: Ако не плати 75 илјади долари ќе заврши гол на YouTube

Дваесет и осумгодишниот В.Д. од скопско, кој времено престојувал во Тетово, вчера пријавил уцена од две непознати лица, пренесе Курир.

Пред една недела, преку социјалните мрежи тој се запознал со женско лице, со кое повеќе пати контактирал и преку видео врска размениле, односно споделиле неколку материјали и фотографии, на кои и двајцата биле без облека. По извесно време, во видео-контактот се појавило, односно вклучило и непознато машко лице, кое заедно со женското од него побарале 75 илјади долари за да не ги објават компромитирачките, контраверзни материјали и фотографии преку „Ју Тјуб“, информираат од тетовската полиција.

Се работи на расветлување на сите поединости поврзани со пријавеното и на откривање на уценувачите.

 
 
05.11.2015 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега