Груевски: Нашата цел беше да го бетонираме датумот на избори и успеавме во тоа

Целта е постигната. Датумот на избори е бетониран и ќе се одржат на 24 април, изјави премиерот Груевски по завршувањето на лидерската средба во клубот на пратениците.
Премиерот рече дека СДСМ направиле обиди изборите да бидат одложени но тие останале без успех, со што, пропадна обидот на опозицијата да побегне од соочувањето со граѓаните.
„Сакам да кажам дека  вечерва заврши успешно. Состанокот што го имавме меѓу четирите партии заврши успешно, јас сум многу задоволен од она што го договоривм. Наша стратешка цел како партија беше да се бетонира датумот на избори. СДСМ имаше обиди да го одложи, односно бараше да биде одложен. Ние тоа не го дозволивме. Инсистиравме да остане 24 април и успеавме во тоа.“ - рече Груевски

 

 
 
06.11.2015 - 02:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега