НОВИ ДЕТАЛИ: 26-годишно момче е жртвата во Радовиш

Во куќа во Радовиш вчера доцна попладнето пронајдено е мртвото тело на Ј.Р. (26) од Радовиш. Портпаролот на СВР Струмица Хризантема Рендевска вели дека мртвото тело на Ј.Р. го пронашол сопствениот на куќата каде што 26-годишниот маж бил потстанар. Екипи на СВР Струмица синоќа до доцна вечерта вршела увид на местото на несреќата и засега не може да се каже дали станува збор за насилна или за природна смрт.

Рендевска вели дека откако ќе ги добијат резултатите од обдукцијата јавноста ќе биде информирана со повеќе детали во врска со овој случај. 

 
 
06.11.2015 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега