Сакал да избега: Притвореник скокна од прозорец во гостиварскиот суд

Притвореник кој бил донесен на судење во гостиварскиот Основен суд денеска побегнал со скок од прозорец, а стражарите пукале за предупредување.

Според првичните информации, албански државјанин, осомничен за разбојништво, денеска бил донесен од затворот „Шутка“ на судење во Гостивар. По распитот, околу 13:45 часот искористил прилика и се дал во бегство. Еден од стражарите испукал предупредувачки куршум од службено оружје.

Од полицијата потврдуваат дека еден припадник на затворското обезбедување по телефон го пријавил настанот, по што полициски екипи отишле на местото на случувањето, каде се очекува да започне увид.

 
 
06.11.2015 - 17:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега