Фатен притвореникот кој побегна преку прозорец од гостиварскиот суд

Полициски службеници кои биле вклучени во потрагата го откриле и привеле лицето кое им побегна на затворското обезбедување. Станува збор за 39 годишен албански државјанин, осомничен за разбојништво кој денеска бил донесен на судење во Основниот суд Гостивар.

Според СВР Тетово, непосредно по пријавувањето на бегството, полициски службеници ја започнале потрагата и по неполни два часа го пронашле бегалецот. Тој се сокрил во помошен објект од една куќа, во близина на судот. По приведувањето, е пренесен во гостиварската болница, каде му биле санирани повредите кои ги задобил при бегството.

Притвореникот, непосредно по распитот во судница, искористил можност и со скок од првиот кат им побегнал на затворските чувари кои претходно го донеле од затворот „Шутка“ во гостиварскиот суд.

 
 
06.11.2015 - 18:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега