ВИДЕО: Лагите на Ременски, Заев и Спасовски

Новиот министер за внатрешни работи ќе биде лице експерт, лице од струката, лице кое нема да биде партиски препознатливо од СДСМ. Ова се зборовите кои во своите изјави ги имаат дадено Оливер Спасовски, генералниот секретар на СДСМ и нов министер за внатрешни работи и Фросина Ременски, новоназначениот министер за труд и социјална политика.

Предлогот и изборот на СДСМ за нови министри е во целост спротивно на она што со месеци го изјавуваат овие двајца високопозиционирани членови на опозициската партија.

Па, така наместо лице од струката и човек кој нема да биде препознатливо партиско лице од СДСМ, на чело на Министерството за внатрешни работи застанува генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.

-Во договорот од Пржино се наведува информацијата дека на предлог на СДСМ во консултација со другите партии се избира министерот за внатрешни работи, меѓутоа да не биде препознатливо партиско лице од СДСМ. Има луѓе кои се професионалци, кои ја познаваат работата на МВР, ја познаваат надлежноста, проблемите, кои не се партиски ангажирани. Луѓе од граѓанскиот сектор, изјавува Ременски во интервју за Нова ТВ во септември.

Во своите изјави дадени пред пет дена и пред десет дена, Спасовски смета дека новиот министер за внатрешни треба да биде независен, но и личност од струката.

-Министерот за внатрешни работи треба да биде експерт, личност која  од струката и кој ќе има доверба од политичките субјекти, на тоа и ние сме се согласиле и нема дилема околу тоа прашање, истакна Спасовски за време на гостувањето во една емисија пред само пет дена.  

-Не е усогласен законот за Влада заради тоа што уште еднаш покажуваат страв од избор на независен министер за внатрешни работи, како и избор на дополнителни заменици министри и министер во труд и социјала , изјави Спасовски пред партиското седиште на 29-ти октомври годинава.

По неговото назначување, се чини дека Спасовски сакал јавноста да ја доведе во заблуда со лажни изјави следејќи го примерот на неговиот лидер Зоран Заев. По завршување на преговорите, Заев истакна дека Спасовски е новиот министер за ватрешни работи.

-Побарав согласност од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, согласноста ја добивме, нов министер за внатрешни работи ќе биде Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ, изјави синоќа Заев. 

Спасовски е поранешен секретар на општина Куманово и инволвиран во сите матни тендери во општината, обвинуваа многу пати досега од владејачката партија.

Со години истиот Оливер Спасовски се појавуваше позади Зоран Дамјановски Циц и учествуваше во упропастувањето на Куманово , каде СДСМ зад себе да не остави ниту еден единствен проект. Како генерален секретар на СДСМ, Спасовски воедно е еден од креаторите на сценариото за создавање на алиби за изборен пораз и непризнавање на резултатите од изборите.

 

 

 
 
07.11.2015 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа