Прифатила понудата за пријателство на Фејсбук: Не ни сонувала дека нејзината ќерка ќе стане жртва на педофил

Приказната на една мајка ќе ве натера да размислите кого се прифаќате да ви биде пријател на социјалната мрежа Фесјбук.

- Денес е прв ден на училиште за вашата ќерка. Таа изгледа толку слатко во новата облека која сте ѝ ја купиле и едноставно мора да ја фотографирате и да ја споделите таа фотографија и на вашиот Facebook профил за да ја видат и сите ваши пријатели и роднини.

Токму многу сте возбудени па додека ја оставате дури и се чекирате кај нејзиното училиште со коментар – “Не можам да поверувам колку брзо порасна. Времето лета. Јас сум една навистина горда мајка.”

Во меѓувреме, мистериозниот човек чие барање за пријателство во брзање сте го прифатиле ја чува фотографијата од вашата ќерка во нејзината слатка нова облека на неговиот телефон и ја испраќа на телефонски броеви на 60 различни возрасни мажи ширум светот со коментар – “Девојче, 7 години. Костенлива коса. Црни очи. 5000 евра.”

Не само што сте му ја дале вашата фотографија на трговец со бело робје, туку сте му дале и име и точна локација на нејзиното училиште на сребрена виртуелна тацна.

Одите да си го земете детето од училиште околу 3 попладне, но него никаде го нема. Не ни знаете дека вашето драгоцено чедо му е продадено на 43-годишен педофил уште пред да тргнете по него и сега е на пат кон Јужна Африка, со заврзани очи, збунето, ужаснатo и расплакано бидејќи е со некој кој никогаш во животот не го видела. Сега не знае ниту каде ѝ се родителите, ниту каде оди, ниту што ќе ѝ се случи.

 

 

 

 
 
07.11.2015 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега