Мајка и ќерка мачени и претепани од шестмина разбојници

Шест маскирани лица вчера утрината извршиле разбојништво над 92-годишната Д.Т. и нејзината ќерка Љ.Т. во семејната куќа во кумановско Опила.

 -Откако влегле во куќата, разбојниците ги легнале на подот, по што физички ги малтретирале удирајќи ги со раце по телото, а потоа им ги врзале рацете и нозете и со електрична палка ги онесвестиле, информираат од полицијата.

Разбојниците ја преварале куќата и одзеле 3.000 евра во разни апоени, по што се упатиле во непознат правец.

Оштетените се здобиле со телесни повреди. Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа на ПС-Крива Паланка. Полицијата превзема мерки за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителите.

 
 
08.11.2015 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега