Вечер: Нема крај на трагедиите - пациентка сведок на пукањето на Клинички починала од стрес

Неофицијално, повредениот лекар е од Дигестивна хирургија, дигесативниот хирург Љубомир Огненовиќ , кој е повреден во ногата, но е надовр од животна опасност, а по пукотницата биле приведени уште три лица кои се нашле на местото, а пациентка која во моментот била сведок, неофицијално, починала од стрес, пишува ВЕЧЕР.

-Во моментов на местото на настанот има полиција, пациентите што чекаат за прегледи се вадат надвор од зградата на хируршките болници. Како што дознаваме , имало тројца напаѓачи, кои се уапсени. На клиниката владее хаос, никој не знае што точно и зошто се случило. Медицинскиот персонал и пациентите се исплашени, објави весникот.

За информацијата на Вечер нема потврда од полицијата

 
 
09.11.2015 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега