Инфраструктурна експанзија вредна 560 милиони евра во Источна Македонија

Изградбата на патот Кочани - Делчево, Штип - Радовиш, регионалниот пат Тораница-Саса, реконструкција на делниците од Делчево до Голак и од Пробиштип до зимскиот туристички центар Пониква, како и продолжувањето со градба на автопатот Миладиновце - Штип во Источна Македонија се само дел од капиталните проекти за следната година. 
Станува збор за капитални проекти со вкупна вредност од 560 милиони евра, чија реализација ќе го зголеми економскиот, социјалниот и територијалниот развој на земјата.
Вкупната должина на патиштата од 185,5 километри е само доказ за вистинската градежна експанзија која се очекува во Источна Македонија за следниот период: 
Автопатот Штип Миладиновце, вкупна должина од 47 километри и инвестиција од 206 милуиони евра; Штип-Радовиш, вкупна должина од 39 км и инвестиција од 65 милиони евра; Штип- Кочани, вкупна должина од 26 км, и инвестиција од 56 милиони евра; Кочани-Делчево, должина од 30 км и инвестиција од10 милиони евра; рехабилитација на патот Делчево-Голак со должина од 11,5 км и инвестиција од 1,7 евра должина; изградба на патот Тораница-Саса со должина од 19 км и инвестиција од 10 милиони евра и изградба на патот Пробиштип-Пониква од 13 км, инвестиција од 5 милиони евра.

 
 
09.11.2015 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега