Поевтинува нафтата

Американската лесна нафта на берзата на Њујорк поевтини за 0,91 долар во петочното тргување и неделата ја заврши на цена од 44,29 долари за еден барел.

 

Поевтини и северноморската нафта од типот брент која на берзата во Лондон се продаваше за 47,42 долари за барел што е за 0,56 долари поевтино од претходната недела.
Во Македонија малопродажните цени ќе се формираат наредниот понеделник. Последните просечни цени според кои Регулаторната комисија за енергетика го објави денешните цени, се речи си идентични со оние по кои во моментов се продава нафтата на светските берзи. Доколку за една недела нема посериозни промени на цените, не се очекува да се менуваат ниту малопродажните цени.

 
 
09.11.2015 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега