Дај ги парите или ќе те заколам - хорор возење за скопски таксист

Синоќа во 18,30 часот на ул.„Коце Металец“ во Скопје Т.М.(52) додека чекал да изврши наплата на такси услуга, две непознати лица извршиле разбојништво при што му одзеле сума на пари од околу 8000 денари. Разбојништвото е извршено на тој начин што едно од лицата на ул.„Народен Фронт“ се качило во такси возилото и побарало да се превезе до населбата Автокоманда, а потоа до населбата Радишани. Откако стигнале на наведената улица дошло другото непознато лице и со закана со нож му ги одзеле парите по што го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
09.11.2015 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега