Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане 1.270 млекопроизводители поднеле барања за субвенции

Илјада двеста и седумдесет млекопроизводители од Куманово, Липково и Старо Нагоричане поднеле барање за субвенции, информираа денеска надлежните од подрачната единица на МЗШВ - Куманово, пренесе МИА.

Финансиската поддршка се однесува на произведено и предадаено, кравјо, овчо и козјо млеко за периодот од мај-септември 2015 година.

- Рокот за пријавување заврши, вкупната бројка на поднесени барања е 1.270. Оваа бројка не се разликува во однос на  претходните години и периоди кога се поднесуваат барања за субвенции за произведено и предадено млеко која се движи од 1.200 до 1.300 во зависнот од месеците за кои се аплицира, изјави Светлана Кирилова Алексовска, виш референт во МЗШВ-Куманово.

Сточарите имаа можност еден месец за да аплицираат за оваа мерка. Млекопроизводителите добиваат 3,5 денари за литар млеко предадено во регистрирана млекарница.

 
 
09.11.2015 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега