Ги чека студена зима: Поради неплатени сметки без струја ќе останат 100.000 семејства

Сто илјади домаќинства во Грција ќе останат без струја, поради неплатени сметки, објавија грчки медиуми.

Барање за тоа издала Националната компанија за снабдување со електрична енергија, објави „Та Неа“.

Претставник на компанијата за телевизијата Мега изјавил дека станува збор за луѓе со неплатени сметки, кои не се сиромашни и би можеле да го подмират долгот.

Од компанијата велат дека „ловот“ на должници ќе продолжи бидејќи за неплатени сметки Грците должат околу 2,1 милион евра

 
 
09.11.2015 - 20:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега