ФОТО: Погледнете за кого гласаа најкреативните Хрвати

Изборите вообичаено се нарекуваат „фестивал на демократијата“, но секои гласања еден дел од граѓаните ги користат за искажување на својата иновативност во изразувањето на својот револт од политичките елити.

Еден дел од гласачките ливчиња редовно завршува во категоријата „неважачки“, на кои граѓаните го искажуваат своето вистински мислење за политичарите. 

Така и на вчерашните избори во Хрватска имаше случаи во кои гласачите допишуваа „свои кандидати“ на ливчињата. На едно гласачко ливче беше допишано името на германската канцеларка Ангела Меркел, а на друго на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

 
 
09.11.2015 - 20:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега