Стевананџија: Зоран Заев знае дека на 24 април ќе изгуби со 200 илјади разлика

„Не знам и никогаш не би сакал да знам какво е чувството да зборувате нешто во кое не верува ниту седумгодишно дете, а камоли да верува универзитетски професор. Тоа е чувство кое бидете убедени, не сака никој да го доживее. Искусен политичар, потпретседател на политичка партија да зборува дека 200 илјади гласови разлика е невозможна во Република Македонија во најмала рака е нешто несериозно“, со овие зборови пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија ја започна својата реплика кон Рената Дескоска на 75-тата седница каде се дискутираше за пакет законите договорени во Пржино.  

Пратеникот Стевананџија се осврна и на тврдењата од страна на Рената Дескоска во врска со таканаречените бомби кои ги објавуваше опозицискиот лидер и претседател на СДСМ Зоран Заев.

„Ни зборувате овде за некакви бомби. Ние колешке, слушнавме и видовме дека вашиот лидер на нашиот лидер му кажува дека знае и дека е убеден оти ќе изгуби со 200 илјади разлика, дека знае е дека е убеден дека рејтинзите се 2 спрема 1 за ВМРО-ДПМНЕ. Сигурно го имате гледано тоа видео“, истакна Стевананџија.

Тој потоа се осврна и на престојните парламентарни избори кои се веќе закажни за 24 апрли 2016 година.

„На крајот на краиштата, омразата која ја демонстрирате при секој ваш настап, незимерната желба за власт, лошите кадровски решенија за министри и заменици министри, бојкотот на вистинските социјалдемократи мора и ќе бидат причинат за десетти последователен пораз на 24 април“, рече Стевананџија.  

На крајот, Димитар Стевананџија ги запраша и им укажа на пратениците од СДСМ зошто сиве овие години на изборите во Република Македонија доживуваат изборни порази.  

„Знаете ли зошто е толкава разликата? Затоа што немате политичка програма, ги игнорирате земјоделците, ги омаловажувате пензионерите, социјалните случаи, дијаспората, затоа што имате неприлагоден речник, 500 илјади гласачи ги нарекувате стока, ги нарекувате стадо, студентите ги нарекувате неписмени луѓе. И како очекувате да добиете поддршка од тие луѓе? “, заврши пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија.

 
 
10.11.2015 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега