ЕВН најави исклучување - еве каде ќе нема струја

Делови од повеќе општини утре ќе бидат без струја, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.

Во периодот од 8 до 10 часот корисниците без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата Ѓорѓи Пенков во општина Бутел, а во периодот 8:30 до 11 часот дел од корисниците од улиците Пера Јовановиќ и Петар Драпшин во општина Кисела Вода.

Без струја утре во периодот од 9 до 11:30 часот ќе бидат корисниците корисниците од село Зелениково, до мостот, во периодот од 9 до 12 часот, корисниците од улицата Анкарска бр. 29а и улицата Митрополит Теодосиј Гологанов од бр. 64 до бр. 72 а во општина Карпош, во периодот од 9 до 14:30 часот, дел од корисниците од Старата Скопска Чаршија во општина Чаир.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија во периодот од 10 до 15:30 часот ќе имаат и дел од корисниците од селата во општина Сопиште, како и корисниците од селата Црн Врв, Елово, Малчиште и Осинчани во општина Сопиште и Студеничани, а во периодот од 12 до 14 часот корисниците од улицата Востаничка бр. 34 и бр. 36 во општина Кисела Вода.

 
 
10.11.2015 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега