ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се плаши од избори

СДСМ се плаши од избори и тоа постојано го покажува.  Доколку се толку силно убедени дека граѓаните им веруваат, тогаш зошто бегаат од избори и бараат илјадници оправдувања. Во СДСМ се свесен дека граѓаните не веруваат повеќе во ниту една нивна манипулација. Затоа кога зборуваат во име на граѓаните знаеме дека говорат во име на Зоран Заев и Радмила Шекеринска, истите ликови кои аплаудираа и слепо ја поддржуваа криминалната транзиција во која се затворија  684 фабрики и 200 илјади луѓе оставија на улица.

Им благодариме на СДСМ што актуелизираат вакви теми во кои можеме да ја потсетиме јавноста дека благодарение на политиките и посветеноста на владата предводена на ВМРО-ДПМНЕ беа донесени 50-тина странски инвеститори, како на пример: Кромберт и Шуберт во Битола, Џонсон Контролс во Штип и Струмица, Ван Хол, Амфенол во Кочани, Кемет електроникс, Витек, Маккарт во Велес, ОДВ електрик во Охрид, Гентерм во Прилеп, Техникал Текстајл во Штип, Антура во Кочани, Ендава, КСС во Кичево, Кофикаб, Ејп ленд во Ресен, Гришко во Демир Хисар и уште десетици  други производствени погони низ цела Република Македонија кои обезбедуваат десетици илјади работни места.

Тоа што неколку фирми не ги реализираа инвесетициите кои и самите ги најавуваа е резултат на тешката економска криза која ја зафати Европа и светот, но затоа на нивно место беа обезбедени други инвеститори кои дојдоа и отворија десетици илјади нови работни места.

Би сакале да се компарираме со дебаклот на СДСМ на ова поле, но за жал не можеме. Од проста причина што во нивно време не се отвораа фабрики, туку напротив се затвораа фабрики и се бркаа инвеститори со барања за провизии. Народот памети дека СДСМ пропушти поради неспособност и корумпираност да ги донесе брендовите како АУДИ и банките ИНГ и Рајфајзен, а  многу другии светски брендови ја избегнуваа Македонија и инвестираа во други земји од источна Европа.

 

За тоа колку се неуспешни СДСМ во носењето на странски инвеститори покажува и фактот што индустриските зони во Струмица, каде Заев е градоначалник, сеуште се празни ливади и нема ништо од ветените 300 производствени погони и 3000 работни места кои така помпезно ги најавуваше на почетокот на третиот  и последен мандат кој полека му истекува.

(Интегрален текст од писмено соопштение на ВМРО-ДПМНЕ)

 
 
10.11.2015 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега