Данев: Со лајкови на Фејсбук избори во Република Македонија не се добиваат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев во својата реплика на вчерашната 75 седница на Собранието на Република Македонија, кон пратеничката Дескоска им порача СДСМ пред да зборува за неправилности и злоупотреби треба да си погледнат во својот двор.

-Да се обидеме да употребиме една математичка-политичка логика. Општина Аеродром вие зборувате за неправилсти, колку што можам да се сетам  за изборите 2013 и 2014 година, на тие избори ќе зборувам приближно кандиндатот за градоначалник во Општина Аеродром имаше приближно 26.00 гласа, кандидатот за градоначалник на Град Скопје имаше прибилижно 25.00 гласа, кандидатската листа за советници за Општина Аеродом имаше приближно 23.00 гласа, а кандидатската лисата за советници за град Скопје имаше приближно 24.000 гласа, потенцираше Данев.

Тој додаде дека разликата во 2014 година помеѓу кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Претседател на Република Македонија и кандидатот на СДСМ бил околу 3.000 гласови, а разликата на парламентарините избори истиот тој ден повеќе од  6.000 гласа.

-Реалноста е една и единствена вие таа ја знаете, ние ја знаеме, ја знае македонската јавност, не посетиве ниту еден граѓанин, не разговаравте со ниту едно здружение.Како што тврди вашиот познат гласноговорник со лајкови и шерување на Фејсбук избори во Република Македонија не се добиваат, нагласи Данев.   

На крајот тој рече за она што СДСМ го направи во изминатиот период на штета на сите граѓани ќе каже историјата на Република Македонија и идните генерациии.

 
 
10.11.2015 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега