Стартот на преговорите со ЕУ ќе ги унапреди односите со Грција

Премиерот Никола Груевски смета дека почнувањето на преговорите со ЕУ ќе ги унапредат македонско-грчките односи.

45oravgruevski

 Според него, од исклучителна важност е грчко-македонските односи да се развиваат низ призмата на заемно почитување, соработка, доверба, партнерство и уважување. Груевски вели дека Македонија останува посветена да ги развива договорените мерки за градење на доверба со Грција.

Ефикасната реализација на овие два документи останува да биде приоритетна задача на Владата.  Што се однесува до наметнатите грчко – македонски разлики околу името на Република Македонија, ја повторуваме подготвеноста за водење на интензивен дијалог за изнаоѓање на решение во рамките на меѓународната правна рамка дефинирана од Обединетите нации и Меѓународниот суд на правдата. Сакаме да имаме проактивен и интензивен процес на највисоко политичко ниво. Времето покажа дека одлагањето на решавањето на ова прашање не е од корист за никого, но важно е да се истакне дека било какви непропорцинални и неконвенционални условувања нема да придонесат во изнаоѓање на решение за било кое важно прашање за нашата земја, додаде премиерот.

 
 
10.11.2015 - 21:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега