Дејан ја раскажа потресната приказна: Татко ми ми умре на раце

Голема трагедија ја потресе Србија. Работник паднал од кран на кој работел и умрел на рацете на својот син. Како што пишува српскиот Курир, 61-годишниот Стево Муњиза, паднал од корпата на кранот, на висина од 20 метри. 

Трагедијата се случила вчера околу 11 часот, а неговите колеги се шокирани. Велат дека има 40 годишно работно искуство и дека бил еден од најдобрите мајстори. Зад себе ги оставил својата сопруга, син и ќерка, како и внуката која неодамна ја добил. 

Синот на Стево, Дејан, работел со него во моментот на несреќата. 

- Одеднаш корпата на кранот почна да се ниша лево-десно, а потоа падна. Го видов татко ми како лежи и веднаш притрчав. По неколку минути му умре на рацете, вели синот низ солзи. 

Според неговите зборови, корпата во која бил татко му може да издржи 15 тони, па сеуште не е познато како дошло до несреќата.

 
 
11.11.2015 - 08:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега