Тетово: Оштетено „Ауди“ демолирана куќа и хаос - соседска расправија прерасна во крвав инцидент

Две тетовски семејства крвниччки се пресметале, информираат од полицијата.

Според МВР, вчера околу 9 часот, 48 годишната тетовчанка В.С. пријавила во полиција дека 31 годишниот Б.И. ги избушил гумите од „Ауди“-то на нејзиниот брат З.Б. (50). Малку подоцна, З.Б. и неговиот 21 годишен син гневни се упатиле кон домот на Б.И. за да се одмаздат за оштетениот автомобил. Тие го искршиле стаклото од влезната врата од куќата на Б.И. и влегле во жестока расправија со него. Кратко потоа, расправијата прераснала во крвава тепачка.

Полицијата интервенирала и лицата биле приведени во полициска станица - Тетово. Таму било утврдено дека Б.И. бил пијан и во крвта имал 2,26 промили алкохол.

Соодветни пријави ќе бидат поднесени по целосно расчиствање на случајот.

најчитано сега